
Рјоју Кобајаши ја врати својата шампионска форма, откако, освен на вчерашните квалификации, триумфираше и на денешното натпреварување во Рука, Финска.
Јапонецот го имаше најдолгиот скок на денот од 143 метри, кој од втората го искачи на првата позиција.
Спротивно сценарио, односно пад од првото на второто место во втората серија, имаше Словенецот Анже Ланишек.
Третиот најдобар скок во вториот дел од натпреварувањето го имаше Маркус Ајзенбихлер, кој заврши на најниското место на пиедесталот.
Во продолжение, пласман во топ 5 изборија уште Штефан Крафт и Карл Гајгер, а Швајцарецот Килијан Пајер, од дваесеттото напредна до шестото место.
Актуелниот шампион на Светскиот куп, Халвор Егнер Гранеруд, не успеа да ги помине вчерашните квалификации и остана без пласман.