АЕЛ Лариса се вклучи во битката за промоција, односно за експресно враќање во грчката Супер лига со денешната втора победа во низа.
Имено, во тринаесеттото коло од Супер лига 2 Север, избраниците на Панајотис Гуцидис го добија составот на Алмопос Аридеа со минимални 0-1.
Алмопос е клуб од градот С’ботско, кој се наоѓа најблиску до македонската граница од сите второлигашки екипи (само седумдесет километри од Гевгелија).
Стрелец на единствениот денешен погодок со кој АЕЛ ја оправда фаворитската улога беше Теохарис Илијадис (27′), кој дебитираше во лигата во тековната сезона.
Во моментот, АЕЛ се наоѓа на четвртото место со три бодови помалку, но и со натпревар повеќе во однос на првопласираниот Ксанти.
Од друга страна, Алмопос е седмопласиран со големи шанси за изборување опстанок во второлигашкото друштво.
Од сите денешни планирани мечеви во северната дивизија, одложени беа четири, а одиграни беа само два: Алмопос 0-1 АЕЛ Лариса и Кавала 0-0 Аполон Лариса.
За Кавала, која има гол-разлика од 0-45 после осум дуели, ова беше прв бод во сезоната, додека Аполон Лариса има четири поени и стана првиот тим во сезоната што не постигнал погодок на стадионот ,,Анти Карајани”.