Во натпревар од Лигата на шампионите Вардар славеше против фаворитот Монпелје на гостувањето во Франција со 25-28 (полувреме 10-14).
Мартин Томовски беше фантастичен со 13 одбрани на голот, додека Оливие Њокас со 5 голови и Стоилов и Тото со по 4 погодоци беа најефикасни во нападот.