Кошаркарската репрезентација на САД ја одбрани титулата од олипијадата во Рио де Жанеиро откако во финалето на олимпискиот турнир ја совлада Франција со 87:82.
Кевин Дурент со 29 поени и шест скокови беше прво име кај САД, Џејсон Тејтум даде 19 поени, додека Еван Фурние и Руди Гобер со по 16 постигнати поени беа најпрецизни кај Франција.