Словенија беше блиску, но не успеа да обезбеди финале на кошаркарскиот олимписки турнир откако Батум со блокада го спречи полагањето на Препелиќ кое доколку поминеше ќе им донесеше финале на словенците.
Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 16 поени, 10 скокови и 18 асистенции, и стана само третиот кошаркар во историјата кој стигнал до трипл-дабл на натпревар од Олимписките игри. Претходно, тоа го направиле само Александeр Белов во Монтреал во 1976 година и ЛеБрон Џејмс во Лондон, во 2012 година.