Македонската тениска репрезентација дојде и до втората по ред победа во Европската група 4 од Дејвис купот, ја совлада Андора со максимални 3-0.
Калин Ивановски во првиот меч славеше против Демиен Желабер (6-2, 6-2). Во вториот меч Горазд Србљак му дозволи само еден гем на Червос Нгер (6-0, 6-1). Во игра на двојки, Марковски и Мицов беа убедливи против Трилја и Желабер (6-1, 6-1).
Во првото коло на турнирот Македонија беше убедлива против Косово, а во последното коло ќе се сретне со селекцијата на Сан Марино.



