
Дербито на Тексас помеѓу Хјустон Астрос и Тексас Ренџерс синоќа беше одиграно по осми пат сезонава.
Откако Ренџерс добија три меѓусебни пресметки во низа, синоќа беа поразени со 6-3 после продолжение.
После регуларните девет ининзи, резултатот гласеше 2-2, а во десеттиот, Астрос издоминираа со 4-1, предводени од грен-слемот на Хозе Алтуве.
Имено, Алтуве забележа хоум-ран додека на базите беа Час МекКормик, Мајлс Строу и Џејсон Кастро, а претходно, по еден поен запишаа Мајкл Брентли (трчање) и Карлос Кореа (хоум-ран).
Што се однесува до поразениот состав, во листата на поентерите, со по четири освоени бази, се запишаа Адолис Гарсија, Ајзеа Кинер-Фалефа и Брок Холт.
На табелата на Американската лига, Хјустон (38-28) изби на петтото место, додека Ренџерс (25-42) ја држат претпоследната позиција.



