Голден Арт КЛ7 е шампион во младинска конкуренција за сезона 2020/21.Во полуфиналето тимот на КЛ 7 го совладаа Еурофарм Пелистер 2 со 24-26, додека во финалето беа подобри домаќинот Борец со резултат 37:28.
Покрај титулата шампион, за најдобар стрелец на завршниот турнир е прогласен Емилијан Ѓорговски со вкупно 22 голови, додека Иван Галевски е прогласен за најдобар голман.