
Милвоки Бакс се првиот тим од тековната НБА сезона што избори пласман во четврт-финалната фаза.
Имено, претставниците на Висконсин во осмина-финалето ги добија Мајами Хит со целосна ,,чистка”, односно со вкупни 4-0.
Синоќа беше одигран нивниот последен дуел, кој заврши со 103-120 во корист на Милвоки.
На мечот, во текот на првите две и пол четвртини, Мајами имаше константна, но едноцифрена предност, која се префрли на спротивната страна во завршните дваесетина минути.
Од кошаркарите на Бакс, со 25 поени, најефикасен беше Брук Лопез, додека дабл-дабл и трипл-дабл забележаа Крис Мидлтон (20 поени и 11 скокови) и Јанис Антетокумбо (20 поени, 12 скокови и 15 асистенции).
На спротивната страна, Џими Батлер имаше трипл-дабл учинок од 12 кошеви, од 10 скокови и од 10 асистенции, а две двоцифрени статистики додаде Бам Адебајо (20 кошеви и 14 скокови).



