Првиот меч од четврт-финалето на НХЛ го одиграа Бостон Бруинс и Њујорк Ајландерс.
Синоќа, во ,,ТД Гарден”, Бруинс триумфираа со 5-2 и поведоа со 1-0 во меѓусебната серија.
Во 12. минута, резултатот го отвори Ентони Бовилие, кој му донесе водство на составот од Њујорк.
Потоа, со двата погодоци на Давид Пастрнак, Бруинс направија пресврт, а до крајот на втората третина, Ајландерс израмнија на 2-2 преку Адам Пелеч.
Во третиот период, домаќините постигнаа три погодоци за да дојдат до конечната победа.
Пастрнак го комплетираше својот хет-трик, а по една во листата на стрелците се запишаа Чарлс МекАвој и Тејлор Хол.