Македонската одбојкарска репрезентација ја забележа и втората победа на вториот турнир во Шлагелсе, Данска, вкупно четврта, откако попладнево славеа над Израел со 3-1 во сетови.Израелците го освоија првиот сет убедливо со 16-25. Македонија потоа ги доби наредните три со 32-30, 31-29, 25-23.Одбојкарите утре го играат последниот натпревар од лигата против Кипар.



