
Мелбурн Сторм убедливо ја оправдаа фаворитската улога, откако во премиерниот меч од дванаесеттото коло, ги совладаа Бризбејн Бронкос со 12-40.
Сторм го најавија својот триумф уште во првото полувреме, кое го добија со 0-16.
Во воведните шест минути од вториот дел, гостите стекнаа предност и од 0-28, а до крајот, конечниот резултат беше поставен со серијата од 12-12.
За Бризбејн, две конверзии погоди Џамејн Исаако, а по еден есеј забележија Коби Хетерингтон (48′) и Џеси Артарс (57′).
За Сторм, Ничо Хајнс имаше едно полагање (53′) и 6/7 успешни конверзии, а во листата на поентерите се запишаа уште Брендон Смит (17′, 61′), Туи Камикамика (32′), Џош Адо-Кар (35′), Џорџ Џенингс (41′) и Купер Џонс (43′).
На табелата, Мелбурн се искачи на второто место, додека Бризбејн ја зазема претпоследната позиција.



