Работнички славеше против Младост од Богданци, со 30-24 (полувреме 15-11). Најдобар поединец за Работнички повторно беше Тоше Ончев со 8 погодоци, додека кај Младост со 5 голови најдобар беше Лупашко.
Во драматичен меч Голден Арт КЛ7 победи против Тиквеш со 29-28 (полувреме 13-15). Мартин Димовски беше најдобар кај КЛ7 со 7 гола, додека кај Тиквеш најефикасен беше Вања Смиљаниќ со 8 гола.