Марјан Туртуров еден од уредниците на порталот www.javisejuzna.mk кој е по потекло од Негорци, Гевгелија место познато по Негорски Бањи е професионален војник во АРМ, кој од 2009 година кога се ожени за стружанка живее и работи во Струга. Уште од самото доаѓање се вљубува во Струга градот на две води: Охридско езеро и реката Црн Дрим и градот на поезијата.

Како голем вљубеник во спортот Марјан најпрво активно се вклучува со група ентузијасти во уредување на единствениот спортско-забавен портал www.javisejuzna.mk со седиште во југозападна Македонија, кој првенствено служи за промоција на македонските спортисти, уметници и разни артисти. Паралелно со новинарството се вклучува и како главен едитор и уредник на веб страните, правење на live streaming и логистика на неколку спортски колективи и настани во Струга како што сe: ЖРК Стружанка, РК Струга, Меѓународниот ракометен турнир во Струга, ЖКК Струга итн…

Како круна на неговата работа и позитивна енергија која ја внесе во спортскиот живот во Струга дојде реализацијата на идејата која ја има со години. Заедно со уште 7 луѓе успешно ја организираа и вчера се одржа најголемиот атлетски настан во Струга со преку 600 учесници “Tрката на поезијата”. Настанот донесе многу позитивни вибрации, а Maрјан и целата екипа која неуморно работеше на овој проект за догодина најавуваат уште подобра и помасовна трка која Македонскиот туристички бисер Струга како град ја заслужува.

Порталот www.javisejuzna.mk со посебна гордост истакнува дека еден од нејзините уредници е иницијатор и е дел од вакви прекрасни спортски проекти и настани кој се надеваме ќе прерасне во традиција. Браво Марјан, браво момци се гледаме на второто издание на “Tрка на поезијата”.

Aвтор: Дарко Аџиоски



