
Во рамките на синоќешната МЛБ програма, силите ги одмерија Синсинати Редс и Чикаго Вајт Сокс.
Двете екипи се наоѓаа во форма со наизменичен редослед од победи и порази, но накрај, Вајт Сокс успеаја во потполност да ги декласираат ривалите, триумфирајќи со 0-9.
Сите поени, претставниците на Чикаго ги постигнаа во првите пет деветтини, притоа поентирајќи по трипати во вториот и во четвртиот ининг.
Најпрвиот поен на Вајт Сокс беше воедно и единствениот хоум-ран на натпреварот, кој беше дело на Хозе Абреу.
Во продолжение, по четири бази освоија Јасмани Грендал, Лери Гарсија (х2), Јоан Монкада, Дилан Сис, Ник Мадригал (х2) и Ендру Воган.
Дилан Сис, исто така беше и стартен фрлач за победничкиот состав, кој во текот на шест ининзи освои неверојатни единаесет страјк-аути.
На табелата на Американската лига, Вајт Сокс (16-12) го држи третото место, додека Синсинати (13-15) се наоѓа на единаесеттата позиција во Националната лига.



