Синоќа, со петтата врзана победа, Каролина Хурикејнс им го нанесоа шестиот последователен пораз на Чикаго Блекхокс, славејќи со 6-3.
После првата третина, со головите на Алекс ДеБринкат и на Мајк Хардмен (дебитантски погодок во НХЛ), Чикаго стекна предност од 0-2.
Во вториот период, од хокеарите на домашниот состав, во листата на стрелците се запишаа Нино Нидерајтер и Андреј Свечников, кои израмнија на 2-2.
На почетокот на третиот дел, Свечников стрелаше уште еднаш заедно со Теуво Тераваинен за водство од 4-2 на Хуријејнс.
За намалување на 4-3, по вторпат на мечот, за Чикаго погоди ДеБринкат.
До крајот, Мартин Нецаш зголеми на 5-3, а со вториот гол на мечот, конечниот резултат го постави Нидерајтер.
Со новите два поени, Каролина остана на врвот на Централната дивизија, притоа оставајќи го Чикаго на шестото место без никакви шанси за плејоф.