Њу Џерси Девилс го запишаа деветтиот пораз на последните десет средби, откако синоќа загубија со 6-3 од Њујорк Ренџерс.
На мечот, заклучно со првата минута од втората третина, Ренџерс стекнаа капитална предност од 4-0, благодарение на Павел Бучневич (х2), на Рајан Сторм и на Артеми Панарин.
Во продолжение следуваше серија од три погодоци на Девилс, кои намалија на 4-3 преку Мајкл МекЛиод, Пи Кеј Субан и Јегор Шарангович.
Резултатската неизвесност ги присили гостите да го остават празен својот гол, но ризикот беше неуспешен бидејќи Ренџерс постигнаа уште два погодоци.
Стрелец на едниот гол беше Крис Крајдер, додека другиот беше дело на гореспоменатиот Бучневич, кој го комплетираше првиот хет-трик во НХЛ токму на денот на својот 26. роденден.
На табелата на Источната дивизија, Ренџерс останаа на четвртото, а Девилс на седмото место.
📸 Bruce Bennett/Getty Images



