Синоќа, Вашингтон Визардс дојдоа до четвртиот триумф во низа, откако ги совладаа Детроит Пистонс со 121-100.
На мечот, претставниците на главниот град на САД поведоа уште од почетокот и до крајот постепено ја градеа предноста.
Најефикасен кошаркар на паркетот беше Бредли Бил (Вашингтон) со 37 кошеви, а од соиграчите, најмногу се истакна Расел Вестбрук со трипл-дабл учинок од 15 поени, од 14 скокови и од 11 асистенции.
Од гостинскиот табор, Ајзеа Стјуарт запиша дабл-дабл од 19 поени и од 12 скокови, а ист поентерски учинок имаше и Френк Џексон.
На табелата на Источнната конференција, Вашингтон (23-33) скокна на единаесеттата позиција, додека Детроит (17-40) е на самото дно.
📸 Ned Dishman/NBAE via Getty Images



