Во премиерниот меч од 18. коло на австралиската А-Лига, по 30. пат во историјата, силите ги одмерија Вестерн Сиднеј Вондерерс и Бризбејн Роур.
Имено, до 11. победа во меѓусебните дуели, дојдоа претставниците на Бризбејн, кои денес славеа со 1-2.
Најпрво, со првиот гол во А-Лигата, Џош Бриндел-Саут (18′), го отвори резултатот, а пет минути подоцна, за домаќините израмни Брус Камау (23′).
Конечниот резултат го постави 20-годишниот Јапонец, Рику Данзаки (45+2′), кој има серија од три средби на кои постигнува по еден погодок.
На табелата, Бризбејн дојде до седмата позиција, додека Вондерерс го заземаат шестото место.
📸 Mark Kolbe/Getty Images



