Еден од почетните натпревари на синоќешната МЛБ програма го одиграа ЛА Доџерс и Вашингтон Нешоналс.
На него, претставниците на Лос Анџелес, а воедно и актуелните шампиони, славеа со минимални 1-0.
Единствениот поен дојде преку хоум-ранот на Џастин Тарнер во шестиот ининг.
Од фрлачите на Доџерс видовме вкупно десет страјк-аути, од кои четири освои Вокер Булер, кој фрлаше во шест ининзи.
На табелата на Националната лига, Доџерс (6-2) го заземаат второто, а Вашингтон (1-3) – тринаесеттото место.
📸 Harry How/Getty Images



