Во рамките на синоќешната НХЛ програма беше одиграно дербито на Њујорк помеѓу Ајландерс и Ренџерс.
На него, Ренџерс успеаја да дојдат до победата, славејќи со 1-4 за прекин на низата од четири триумфи на градските ривали.
Во првите десет минути од втората третина, ,,Ренџерите” стекнаа капитална предност од 0-2, со головите на Алексис Лафрениер и на Колин Блеквел.
До наредната пауза, Ајландерс двапати ја затресоа мрежата на Александар Георгиев, но важечки беше само погодокот на Енди Грин.
Конечниот резултат беше поставен во последните девет минути, кога прецизно стрелаа К’Андре Милер и Мика Зибанеџад.
На табелата на Источната дивизија, Ајландерс се втори, а Ренџерс го држат петтото место.
📸 Bruce Bennett/Getty Images



