Синоќа, Орландо Меџик го запишаа четвртиот пораз во низа, откако загубија со 106-111 од Индијана Пејсерс.
На мечот, претставниците на Флорида беа конкурентни во секој период, иако Индијана имаше двоцифрена предност во неколку наврати во второто полувреме.
Накрај, од победничкиот состав се истакнаа Домантас Сабонис со дабл-дабл од 16 поени и од 15 скокови, како и Арон Холидеј (20 поени) и Даг МекДермот (19 поени).
Од редовите на Орландо, а воедно и на мечот, најефикасен беше Теренс Рос со 24 кошеви.
На табелата на Истокот, Индијана (24-27) се наоѓа на деветтата, а Орландо (17-35) на четиринаесеттата позиција.
📸 Andy Lyons/Getty Images



