Третото коло од новата АФЛ сезона го отворија Колингвуд Мегпајс и Бризбејн Лионс.
Нивниот меч се одвиваше на неверојатен начин и истиот заврши со (11.6) 72-73 (11.7) во корист на Бризбејн.
Имено, гостите поведоа само на почетокот со 0-6, а во продолжение, Колингвуд имаше целосна резултатска контрола.
Мегпајс водеа со двоцифрена разлика во текот на останатиот дел од првата, од втората и од третата четвртина.
Во завршниот квартал, Лионс успеаја да се доближат и накрај да триумфираат за првпат сезонава, откако Зек Бејли постигна гол во последната секунда од мечот.
Освен него, од победничкиот состав се истакнаа Џоу Данихер (3.3) и Чарли Камерон (2.1), кои вкупно постигнаа 34 поени.
Од друга страна, кај Колингвуд, најефикасни беа Џош Дејкос (2.2), Мејсон Кокс (2.1) и Броуди Мајочек (2.0).
На табелата и двете екипи имаат по четири поени, односно по една победа и по два порази, но со натпревар повеќе во однос на сите конкуренти.
📸 Darrian Traynor/Getty Images



