Екипата на Бутел Скопје се пласира на Ф4 турнирот во Купот на Македонија откако го совлада Охрид со 22-19 (полувреме 10-8). Јевтиќ и Мајиќ со по 5 гола беа најпрецизни во таборот на Бутел, додека за Охрид единствен расположен беше стружанецот Бобан Блажески со 8 погодоци.