Пенрит Пантерс го продолжија својот стопроцентен учинок, откако во увертирата на четвртото коло од НРЛ, ги ,,прегазија” Менли Си Иглс со 6-46.
Во првото полувреме, ,,Пантерите” направија серија од 0-22, а истата ја прекинаа Кејд Каст (32′) и Рубен Герик, кои ги постигнаа единствените поени за домаќините.
Во вторите четириесет минути, актуелните вицешампиони не го прекинаа својот притисок и го поставија конечниот резултат со нова серија од 0-24.
За гостинскиот состав, Нејтан Клери погоди 6/8 конверзии и еден пенал, а со есеј поентираа Брајан То’о (3′, 23′), Мосес Леота (10′), Вилијаме Кикау (16′, 46′), Мет Бартон (62′), Курт Кејпвел (67′) и Пол Момировски (77′).
На табелата, после четири средби, Пенрит останува на првото, а Менли на последното место.
📸 Cameron Spencer/Getty Images