Бризбејн Бронкос дојдоа до првата победа сезонава, откако им го нанесоа третиот пораз во третото коло на Кантербери Булдогс.
Имено, денес, ,,Ждребињата” од Бризбејн триумфираа со убедливи 24-0.
Во првото полувреме, единствените поени ги постигна Џамејн Исаако од пенал во 34. минута.
Истиот играч, во вториот дел, погоди две конверзии и еден пенал, а исто така постигна и еден есеј (59′).
Освен него, од неговите соиграчи со полагање поентираа уште Ксавиер Коутс (67′, 72′) и Том Дирден (74′).
Со првите два поени, Бризбејн успеа да скокне до десеттото место на табелата, додека Кантербери е претпоследен со убедливо најслаб напад од вкупно 16 постигнати поени на првите три пресметки.
📸 Bradley Kanaris/Getty Images



