Двете екипи што ја отворија тековната сезона на Лиг 2, Форест Грин и Болтон, денес го отворија и 38. коло.
Во првиот нивен лигашки дуел во историјата, Форест Грин славеше со 0-1, а денес Болтон го возврати ударот со ист резултат.
Единствен стрелец на мечот беше Оин Дојл (39′), кој се запиша во листата на стрелците по 16. пат сезонава.
Во продолжение, Форест Грин не успеа да создаде доволно шанси за да дојде до реми и го запишаа вториот пораз на последните три натпревари.
Од друга страна, Болтон не знае за пораз веќе тринаесет средби и со оваа серија скокна до третата позиција на табелата, потиснувајќи го денешниот ривал на четвртото место.
📸 Ian Cook – CameraSport via Getty Images