Претпоследната спринт-трка во женска конкуренција, во рамките на Светскиот куп во биатлон, беше одржана денес во Нове Место, Чешка.
На неа, по третпат во низа триумфираше водечката во генералниот пласман, Тирил Екоф (18:11,1), којашто притоа имаше и еден промашај на стрелањето.
Со тоа, Норвежанката се израмни со Тора Бергер (2012/13) по бројот на најмногу триумфи во една сезона (11) за Норвешка.
На второто место се пласираше Германката Денизе Херман (+6,1), а подиумот го комплетираше минатогодишната шампионка – Доротеа Вирер (+10,1).
Во продолжение, пласман во топ 10 изборија уште: Франциска Пројс (+17,3), Јулија Џима (+30,5), Ѕинара Алимбекава (+31,4), Елвира Оберг (+36,1), Сузан Данкли (+37,2), Јулија Швајгер (+38,1) и Луси Харватова (+39,7).
📸 Christian Manzoni/NordicFocus/Getty Images



