Македонската репрезентација за одбојкарки до 16 години загуби од Романија со 3:0 (25:11, 25:9 и 25:12) во последниот, четврти, настап во квалификаците за Европското првенство летово.
На турнирот во салата “Владе Дивац” во Врњачка бања, во исклучително силната конкуренција, нашите одбојкарски пионерки претходно не успеаја и во натпреварите со домаќинот Србија, со Бугарија и со Турција.Денеска со романките најефикасна кај нас беше Трајкова со 5 поени, Трифуновска, Ѓонлага, Зетова и Змајшек освоија по 3, а Ѓоркоска еден поен.



