Единаесеттиот овосезонски рангиран турнир во снукер, Плејерс Чемпионшип, се одржа во Милтон Кинс, Англија, во текот на минатата недела.
На него, традиционално, учествуваа најдобрите шеснаесет играчи на светската ранг-листа.
Бранител на титулата беше лидерот на листата, Џад Трамп, кој доживеа елиминација уште во првата рунда од Стјуарт Бингам со 6-5.
Накрај, до титулата стигна Џон Хигинс, совладувајќи го Рони О’Саливен во финалето со убедливи 10-3.
За нив, ова беше прво меѓусебно финале после 2005, кога Хигинс го освои Светскиот Опен со победата над О’Саливен од 9-2.
На денешната пресметка, Хигинс во целост го контролираше резултатот, дозволувајќи му фрејмови на противникот само за да намали на 5-1, на 6-2 и на 7-3.
На патот до првата титула после три години, освен од О’Саливен, Хигинс беше подобар уште од Џордан Браун (6-0), од Марк Селби (6-0) и од Кајрен Вилсон (6-1).
Од друга страна, вториот играч во светот ги елиминира Динг Џунхуи (6-5), Џек Лисовски (6-1) и Бери Хокинс (6-4).
📸 VCG/VCG via Getty Images



