Во рамките на 16 коло од продолжението на Прва ЖФЛ, тимот на ЖФК Борец во Велес во првенствен меч оствари супер важна победа од 5:1 и ги впиша новите три бода на табелата.
Натпреварот се одигра во фер и коректна атмосфера, каде што гостинската екипа во склоп на своите можности пружи отпор, додека домашните фудбалерки одиграа онолку квалитетно колку да се стигне до нова победа.