Во рамките на 16 коло од продолжението на натпреварувачката сезона во Прва ЖФЛ, во Прилеп, домашната екипа на ЖФК Деспина оствари висока победа од 8:0 на полувреме беше 4:0 против тимот на ЖФК Плачковица од Радовиш.
Во натпревар каде победникот беше решен уште во првиот дел, гостинската млада екипа се обиде во склоп на своите можности да пружи отпор. Натпреварот помина во фер и коректна игра на двете страни, а најзаслужни за новите три бода се Ангела Стојкоска која ја предводеше листата на стрелци со дури пет гола, додека по еден гол постигнаа Катерина Милеска, Јована Ѓорѓиоска и Сара Евтинџиоска.



