понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна МАГАЗИН ЗДРАВА ХРАНА

Зошто е добро да јадете киви?

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
октомври 22, 2019
📁 ЗДРАВА ХРАНА

Кивите  се егзотично овошје, познато во целиот свет, кое има малку калории, а е богато со хранливи материи. Потекнува од Јужна Кина, а како егзотично растение во Европа е донесено во почетокот на 20 век.

Можните здравствени придобивки од конзумурање на ова овошје вклучуваат одржување на кожата, намалување на крвниот притисок, спречување на срцеви заболувања и мозочен удар.

Ова егзотично овошје содржи дури три пати повеќе витамин Ц во споредба со лимонот, па го зајакнува имунитетот, ја зголемува апсорбцијата на железо ( поволно при анемија ), ги заштитува непцата од крварење. Богато е и со витамин А, Е и К, омега 3 – масни киселини, растителни влакна, калиум, магнезиум.

Бидејќи содржи малку калории идеално е за секоја диета бидејќи го забрзува метаболизмот и овозможува намалување на телесната тежина. Конзумирањето на ова овошје е особено важно за бремените жени бидејќи е богато со витамините од Б групата и фолна киселина кои овозможуваат здрав и правилен развој на фетусот. Помагаат и во регулирањето на шеќерот во крвта па затоа им се препорачуваат на лица кои боледуваат од шеќерна болест.

Подобар сон :

Според една студија базирана на влијанието на конзумирањето на киви кај возрасни кои имаат проблеми со спиењето, утврдено е дека ова овошје го подобрува и сонот особено на лица кои имаат проблеми со спиењето.

Убава кожа:

Колагенот во кожата се потпира на витаминот Ц како хранлива материја, кој работи како антиоксиданс во нашите тела кој ја штити кожата од штетни материи. Тоа е уште една причина да се внесуваат киви во исхраната.

Превенција од запек:

Кивите имаат благо лаксативно дејство и можат да се користат како додаток во исхраната посебно кај постарите лица кои имаат проблеми со столицата. Редовното конзумирање киви доведува до регулирање на столицата.

Хранлива вредност на кивите

Едно средно овошје киви содржи:

Калории: 42

Протеини: 0,8 грама

Вкупно масти: 0,4 грама

Влакна: 2,1 грама

Витаминот Ц: 64 милиграми

Витамин А: 3 микрограми

Железо: 0,2 милиграми

Калиум: 252 милиграми

Фолната киселина: 17 микрограми

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

 

Практични совети за вклучување на киви во вашата исхрана

  • Исечете едно киви на половина оставајќи ја кожата и јадете со лажица користејќи ја кожата како свој природен сад
  • Направете свој свеж овошен коктел вклучувајќи киви, ананас, манго и јагоди
  • Направете овошна салата со киви која природно ќе ја засладите со лажичка мед
  • Направете зелен пијалак или сок од киви, спанаќ, јаболка и круши

И покрај  хранливата вредност на кивите, се препорачува нивно внимателно конзумирање бидејќи може да предизвикаат  алергија. Нутриционистите препорачуваат да се јаде најмногу 2 – 3 киви дневно.

ShareTweet
Претходна вест

Машка лига – Металург, Охрид и Пролет сместени во разлика од 2 бода

Следна вест

(Фото) Белеска во новата сезона ќе игра за екипата на Боден во Шведска

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

“ПРАКТИЧНА СПОРТСКА ИСХРАНА” – нова збирка стручни трудови од Оливер Бојчески, Хинор Кица и коавтори
ЗДРАВА ХРАНА

“ПРАКТИЧНА СПОРТСКА ИСХРАНА” – нова збирка стручни трудови од Оливер Бојчески, Хинор Кица и коавтори

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
25/Јул/2022
ЗДРАВА ХРАНА

Како најлесно да направите џем од праски

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
29/Авг/2021
Готвиме со Мартина

Готвиме со Мартина – Путер колачиња

✏️ Марјан Туртуров
17/Дек/2020
ЗДРАВА ХРАНА

Како да го имунизирате вашето дете

✏️ Предраг Јанчески
14/Дек/2020
Следна вест

(Фото) Белеска во новата сезона ќе игра за екипата на Боден во Шведска

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.