Кивите се егзотично овошје, познато во целиот свет, кое има малку калории, а е богато со хранливи материи. Потекнува од Јужна Кина, а како егзотично растение во Европа е донесено во почетокот на 20 век.
Можните здравствени придобивки од конзумурање на ова овошје вклучуваат одржување на кожата, намалување на крвниот притисок, спречување на срцеви заболувања и мозочен удар.
Ова егзотично овошје содржи дури три пати повеќе витамин Ц во споредба со лимонот, па го зајакнува имунитетот, ја зголемува апсорбцијата на железо ( поволно при анемија ), ги заштитува непцата од крварење. Богато е и со витамин А, Е и К, омега 3 – масни киселини, растителни влакна, калиум, магнезиум.
Бидејќи содржи малку калории идеално е за секоја диета бидејќи го забрзува метаболизмот и овозможува намалување на телесната тежина. Конзумирањето на ова овошје е особено важно за бремените жени бидејќи е богато со витамините од Б групата и фолна киселина кои овозможуваат здрав и правилен развој на фетусот. Помагаат и во регулирањето на шеќерот во крвта па затоа им се препорачуваат на лица кои боледуваат од шеќерна болест.
Подобар сон :
Според една студија базирана на влијанието на конзумирањето на киви кај возрасни кои имаат проблеми со спиењето, утврдено е дека ова овошје го подобрува и сонот особено на лица кои имаат проблеми со спиењето.
Убава кожа:
Колагенот во кожата се потпира на витаминот Ц како хранлива материја, кој работи како антиоксиданс во нашите тела кој ја штити кожата од штетни материи. Тоа е уште една причина да се внесуваат киви во исхраната.
Превенција од запек:
Кивите имаат благо лаксативно дејство и можат да се користат како додаток во исхраната посебно кај постарите лица кои имаат проблеми со столицата. Редовното конзумирање киви доведува до регулирање на столицата.
Хранлива вредност на кивите
Едно средно овошје киви содржи:
Калории: 42
Протеини: 0,8 грама
Вкупно масти: 0,4 грама
Влакна: 2,1 грама
Витаминот Ц: 64 милиграми
Витамин А: 3 микрограми
Железо: 0,2 милиграми
Калиум: 252 милиграми
Фолната киселина: 17 микрограми
Практични совети за вклучување на киви во вашата исхрана
- Исечете едно киви на половина оставајќи ја кожата и јадете со лажица користејќи ја кожата како свој природен сад
- Направете свој свеж овошен коктел вклучувајќи киви, ананас, манго и јагоди
- Направете овошна салата со киви која природно ќе ја засладите со лажичка мед
- Направете зелен пијалак или сок од киви, спанаќ, јаболка и круши
И покрај хранливата вредност на кивите, се препорачува нивно внимателно конзумирање бидејќи може да предизвикаат алергија. Нутриционистите препорачуваат да се јаде најмногу 2 – 3 киви дневно.