Барис Нур-Султан е седмиот патник во плејофот од Источната конференција со денешната победа од 2-3 над Сибир Новосибирск.
Домаќините на овој меч поведоа со 2-0 на почетокот на втората третина со головите на Јирки Јокипака и на Виктор Комаров.
Сепак, до крајот, Барис направи целосен пресврт и со тоа го обезбеди својот пласман во доигрувањето, а исто така ги уништи противничките надежи за споменатиот плејофот.
Стрелци за казахстанскиот состав на денешната средба беа Максим Мусоров, Кирил Панјуков и Џеси Блекер.
Поразот на Сибир, освен што му донесе разигрување на денешниот ривал, исто така му обезбеди плејоф и на Автомобилист Екатеринбург.
📸 hcbarys.kz



