Денеска беа извлечени полуфиналните двојки од Кралскиот куп на Шпанија или таму попознато како Копа дел Реј. Финале пред финале треба да претставува дуелот помеѓу Барселона и Севилја, додека вториот натпревар е помеѓу Атлетик Билбао и Леванте чиј член е македонскиот репрезентативец Енис Барди.
За разлика од досегашните фази, полуфиналето ќе се игра на два натпревари, по еден дома и на гости. Првите мечеви од полуфиналето се играат на 10 и 11 февруари, а реваншите се на 3 и 4 март.



