,,Мотивациски е добро што ќе играме против ППД Загреб. Играме против одличен тим, добро воден и со одличен тренер. Игравме пред неколку дена пријателски натпревар, па и овојпат треба да уживаме. Во перспектива и за натпреварите против Татабања, овој дуел многу ќе ни значи. Од една моја тренерска перспектива се работи за екипи со приближен квалитет, но со различни карактеристики. Се радувам што ќе играме, што почна СЕХА лигата и, иако има многу натпревари, верувам дека тоа е добро. Ни дава убавина од спортска гледна точка, без разлика на победа и на пораз” – изјави тренерот Жељко Бабиќ во пресрет на дуелот против ППД Загреб за клупскиот сајт.
Видео: RK Eurofarm Pelister