По втор викенд во низа, голферите од Европскиот Тур се натпреваруваа во Обединетите Арапски Емирати, но овој пат на Омега Дубаи Десерт Класик.
Имено, овој турнир е втор во новата сезона на горенаведениот тур и на него, до победата стигна Пол Кејси (-17), кој беше убедлив во текот на цел викенд.
За Англичанецот, ова беше петнаесетта победа на Европскиот тур, односно прва после 8 септември 2019, кога го освои Порше Еуропеан Опен.
Второто место му припадна на Јужноафриканецот Брендон Стоун (-13), додека третата позиција ја освои Шкотланѓанецот Роберт МекИнтаер (-12).
До првите пет, односно до делбата на четвртото место, дојдоа искусните Лори Кантер и Кале Самооја со освоени (-10) поени.
📸 Matt Sullivan/Getty Images



