Репрезентацијата на Данска ја одбранија Светската титула на Мундијалот во Египет против скандинавскиот ривал, селекцијата на Шведска со резултат од 26:24 на полувреме беше нерешено 13:13.
Скандинавското дерби понуди атрактивен меч, резултатска нишалка и многу пресврти, а подолгата клупа на Данска им донесе триумф во ова финале. Ландин мечот го заврши со 15 интервенции, а кај стрелците тимот го предводеше Микел Хансен со шест и Нилсен со пет реализации. Кај швеѓаните пак, Хампус Ване пак беше најдобар со пет погодоци, пред Лагергрен со четири гола.