Биатлонците од Светскиот куп, денес се натпреваруваа на втората должинска индивидуална трка во сезоната на 20 километри во италијанскиот Антхолц.
Антхолц е место со околу 3000 жители и се наоѓа во североисточна Италија на 1600 м.н.в.. Оваа висина е доволна за Антолц да биде највисоката станица во календарот на Светскиот куп во биатлон.
На денешната делница, најбрз беше Александер Логинов, кој без ниеден промашај оствари најбрзо време од 48:41,8.
На второто место, со две промашени мети, се најде Стурла Холм Лагреид (+58,5), а битката за најниското место на подиумот беше неизвесна до самиот крај.
Имено, како третопласиран заврши Квентин Фијо Маје (+1:10,6), а во само четири десетинки се пласираа уште Лукас Хофер и Антон Дудченко.
Во продолжение, пласман во првите десет изборија уште: Мартин Понсилуома (+1:18,1), Ветле Сјастад Кристијансен (+1:22,2), Симон Едер (+1:25,2), Ерленд Бјонтегаард (+1:50,4) и Јоханес Тингнес Бо (+1:56,4).
📸 Manzoni/IBU



