Андреј Јакимовски и неговите Кугарс, загубија уште еден натпревар. По втор пат за кратко време на домашен терен и четвртти во серија. Поразени се на домашен терен од составот на Јута со резултат 56:71, а одлучија првите 20.минути кои гостите ги добија со убедливи 43:26.
Уште еднаш, Андреј Јакимовски беше стартер за Вашингтон Стејт. Одигра 25. минути, но не постигна поени. Шутираше 0/5 од игра, но имаше шест фатени топки, што е над неговиот сезонски просек. По овој пораз, Вашингтон Стејт остана на шестата позиција во Пацифик-12 дивизијата со биланс од девет победи и и пет порази.
Фото: https://kfsm.mk/