За првпат во тековната сезона, алпските скијачки од Светскиот куп се натпреваруваа во Швајцарија.
На денешната програма беше четвртиот овосезонски спуст, одржан во Кран-Монтана.
На него, по третпат сезонава во оваа дисциплина, триумфираше Италијанката Софија Гоџа (1:10,10).
На второто и на третото место се пласираа Естер Ледецка (+0,20) и Бризи Џонсон (+0,57).
На четвртата позиција заврши одличната Петра Влхова (+0,89), а петтата ја поделија Кира Вајдле и Јасмин Флури (+0,95).
Во продолжение, сите заостануваа над една секунда, а во првите десет се пласираа: Пришка Нуфер (+1,05), Мирјам Пухнер (+1,07), Федерика Брињоне (+1,09) и Надија Делаго (+1,15).
📸 Getty Images