Историскиот успех на Кливленд Браунс беше прекинат во конференциското полуфинале од страна на актуелните шампиони, Канзас Сити Чифс, кои славеа со 22-17 во хаотичен натпревар.
Сè им одеше во прилог на домаќините од Канзас, сè до третата четвртина, кога Патрик Махоумс, поради потрес на мозокот, беше приморан да го напушти теренот.
Од тој момент, Браунс му додадоа уште два тачдауни, преку Џарвис Лендри и Карим Хант, на филд-голот на Коди Парки од првата четвртина за неизвесна завршница.
Во второто полувреме, по влегувањето на ветеранот Чед Хени, Чифс постигнаа само еден филд-гол. Од друга страна, во првиот дел, Харисон Баткер постигна два филд-голови, а Махоумс и Тревис Келси по еднаш ја внесоа топката во противничката енд-зона.
До моментот на повредувањето, Махоумс беше неверојатен со 255 освоени јарди од 21/30 обиди. Во продолжение, Хени уфрли еден пресечен пас и 66 јарди од 6/8 обиди.
Кај Браунс, Бејкер Мејфилд, од 23/37 додавања, освои 205 јарди за цел натпревар, со еден тачдаун и со една пресечена топка.
Засега не е познато дали талисманот на Чифс ќе може да игра на следниот натпревар, но познато е дека во конференциското финале, Бафало Билс ќе гостуваат на ,,Ероухед Стадиум” кај денешните победници.
📸 Jamie Squire/Getty Images
Во соработка со НФЛ Македонија



