Во текот на регуларната сезона, Дру Брис стана првиот квотербек што двапати го победил Том Брејди. Имено, Њу Орлеанс Сеинтс, во два наврати беа поуспешни од Тампа Беј Баканирс, триумфирајќи со 34-23 и со 3-38.
Сепак, проклетството на Сеинтс во плејофот продолжи синоќа, откако на третиот меѓусебен дуел, Баканирс триумфираа со 20-30.
Во првото полувреме и двете екипи постигнаа по еден тачдаун и по два филд-голови. За Сеинтс, Вил Латц беше одговорен за шутевите, а Тре’Квон Смит за тачдаунот, додека за Тампа поентираа Мајк Еванс и Рајан Сакоп.
Сеинтс го отворија вториот дел со вториот тачдаун на Смит, а во продолжение, Баканирс ја направија победничката серија од 17-0. Во неа, Сакоп беше стопроцентен, а Леонард Фурнет и Том Брејди постигнаа по еден тачдаун.
Накрај, Брис имаше дури три пресечени додавања и освоени 134 јарди од 19/34 обиди за додавање. Во еден напад, на негово место влезе поранешниот член и прв пик на Тампа Беј, Џејмис Винстон, кој направи сензационален пас за тачдаун од 56 јарди.
За Баканирс, Брејди беше сталожен со 199 јарди од 18/33 обиди и со два тачдауни.
Овој дуел ќе остане запаметен по тоа што е првиот во плејофот во историјата, во кој се соочиле два стартни квотербекови со по повеќе од четириесет години. Вкупната возраст на Брис и на Брејди на денот на мечот беше 85 години и 186 дена.
Тампа Беј за првпат се пласираа во конференциско финале после 2002, каде што, наредниот викенд, ќе гостуваат на ,,Лембо Филд” во Грин Беј. Од друга страна, Сеинтс ја завршија својата сезона, којашто можеби ќе биде и последна за Дру Брис.
📸 Twitter: Tampa Bay Buccaneers
Во соработка со НФЛ Македонија



