Голманот на Лил, Мај Мењан прими чуден гол во првото полувреме, откако лошо го процени центаршутот на Арбер Зенели, па со еден од најчудните погодоци во Лига 1 сезонава, Ремс поведе и имаше предност од 1:0 по првото полувреме.
Репрезентативецот на Косово, Зенели од втор обид центрираше во шеснаесетникот на домаќините во 36. минута, а голманот остана клекнат и топката му мина покрај рацете, за негова среќа Лил направи целосен пресврт и победи со 2:1.