Дербито на 14. коло од италијанската Серија Б го одиграа екипите на СПАЛ и на Лече.
Минатата сезона, овие два ривали се натпреваруваа во Серија А, а моментално се борат за промоција, односно за експресно враќање во елитата.
Денешниот дуел беше нивен петнаесетти меѓусебен во историјата, на кој СПАЛ ја запиша третата победа.
Имено, момците од Ферара триумфираа над Лече со 1-0.
Стрелец на единствениот погодок беше Бразилецот Спето (79′), кој со неверојатен удар го совлада Габриел.
Во последната минута, Лече имаше шанса да го избори десеттото меѓусебно реми, но Фабио Лучони ја погоди пречката.
Со новите три поени, СПАЛ го презеде четвртото место на табелата, а Лече и покрај поразот останува во плејоф-зоната, но има натпревар повеќе во однос на Кјево.



