Македонскиот претставник Металург го освои првиот европски бод оваа сезона, откако одигра реми со резултат од 33:33 на полувреме беше 16:19 за противникот во натпревар со автрискиот Фајверс во СЦ „Борис Трајковски“ во рамки на Европската лига на ЕХФ.
Тимот од Автокоманда во европскиот меч покажа две лица. Во првото беше анемичен и делуваше доста загубено на терен, додека во вториот дел блескаше. Најефикасни и најзаслужни за освоениот бод се Хорват со 8 и Серафимов со 7 гола.
Натпреварите во Европската лига за Металург продолжуваат во месец февруари. Првата средба во новата година е предвидена на 9 февруари кога во Скопје гостува француски Тулуз.