ПАОК и Панатинаикос, во рамките на 13. коло од грчката Супер Лига, го одиграа вкупно 182. меѓусебно дерби.
Домаќините од Солун успеаја, по четврти пат на последните шест меѓусебни средби, да ги поразат ,,Зелените”, но овој пат со 2-1.
Водство на ПАОК уште во раната фаза му донесе најдобриот клупски стрелец – Карол Свидерски (11′).
Пет минути подоцна, гостите од Атина израмнија на 1-1 преку вториот гол на последните два меча на Шпанецот Аитор Канталапиедра.
Конечниот резултат, а воедно и триумфот на ПАОК, го донесе Исланѓанецот Сверир Инги Ингасон (65′) со својот прв овосезонски погодок.
Со новите три бодови, ПАОК е трет и има иста гол-разлика, но два поени помалку во однос на градскиот ривал Арис. Од друга страна, Панатинаикос е петти со четиринаесет поени заостаток во однос на лидерот Олимпијакос.



