Десното крило на РК Струга, Пеце Рајатоски кој често по потреба игра и на позиција десен бек беше еден од носителите на играта на РК Струга оваа полусезона. Во моментов одмара во родната Битола каде ги полни батериите и ги сумира впечатоците од неговите игри и игрите на својот тим:
После се што се случи со короната, задоволен сум и од моите настапи и oд пласманот во плејофот на РК Струга. Почнавме со припреми, одигравме еден меч, па се случија тие карантини, изолации заради короната. Па игравме натпревари на секои два дена. Беше тежок период, имавме и повреди, но сепам мислам дека направивме успех со пласман во плејофот.



