Тампа Беј Баканирс и Минесота Викингс ги одмерија силите во рамките на 14. овосезонско коло во НФЛ.
Во првите дваесет минути игра, квотербекот на домаќините, Том Брејди, имаше неверојатно слаби перформанси со 1/4 обиди за додавање за само 9 освоени јарди, притоа промашувајќи ги соиграчите во две чисти ситуации.
Сепак, искусниот квотербек успеа да ги предводи Баканирс до триумф од 26-14, со 15/23 обиди за додавање, со 196 освоени јарди и со два тачдауни.
Полагањата за момците од Тампа Беј ги постигнаа Скот Милер, Роналд Џонс и Роб Гронковски.
Од друга страна, Минесота ќе беше радикално поконкурентна екипа, доколку шутерот Ден Бејли не промашеше сè што шутира, односно еден екстра-поен и три филд-голови. Тачдауните за Викингс ги постигнаа Далвин Кук и Ерв Смит.
Овој пораз на Минесота (6-7) најмногу им одеше од рака на Грин Беј Пекерс, кои обезбедија учество во плејофот.
Во соработка со НФЛ Македонија



